Понеделничка временска прогноза


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Денес, понеделник, 10 август, времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Попладне ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи особено на северот и истокот. УВ индексот ќе биде 8.

Максималните дневни температури ќе достигнат во Скопје 32 Целзиусови степени, Маврово 24, Охрид и Крива Паланка 27, Битола 28, Берово 26, Кавадарци 33, Дојран 32.

Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Попладне ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Дневните температури ќе се движат од 24 до 34 степени.