Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Овој јунски понеделник во Македонија претпладне времето ќе биде сончево, а попладне променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе се движи од осум до 18 степени, а дневната температура од 18 до 30 Целзиусови степени.
Во Скопје претпладне со сончеви периоди, попладне променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе достигне до 14 степени, а дневната температура до 28 степени. Маврово 18, Охрид 23, Битола 26, Крива Паланка 24, Берово 22, Кавадарци 29, Дојран 30.
Утре времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Од среда условите за нестабилност ќе се намалат, па ќе преовладува посончево и топло време, но попладне сѐ уште со услови за изолирана појава на дожд и грмежи.