Home Актуелно Понеделничка временска прогноза

Понеделничка временска прогноза

Понеделничката временска прогноза најавува променливо облачно време со сончеви периоди за почетокот на оваа работна недела. Попладне и кон крајот на денот ќе има повремени локални врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат проследени со ретки грмежи.

Минималната температура ќе се движи од 5 до 13 степени, а максималната од 22 до 29 Целзиусови степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремен локален дожд попладне. Утринската температура ќе се спушти до 11, а дневната ќе достигне до 25 степени.

Во текот на следната работна недела времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Повеќе врнежи ќе има утре кон крајот на денот и во вторник, кога на места ќе биде и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…