Понеделничка промена на времето


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Дефинитивно понеделник ќе донесе крај на серијата на топли декемвриски денови.

Продорот на значително постудена воздушна маса ќе резултира со пад на температурата, засилен северен ветер, особено долж вардарскиот тек и овчеполскиот крај. Попладне облачноста ќе се зголеми, особено во северниот дел од земјата. На планините во овој дел од Македонија, попладне и навечер ќе провејува слаб снег.

Минималната температура  ќе биде во границите од -4°С до 1°С.

Максималната температура ќе има вредност помеѓу 6°С и 9°С низ поголем дел од котлините, а на југ околу 10°С.

Скопскиот регион очекува ведро време наутро. Попладне облачноста ќе се зголеми и оваа состојба ќе продолжи и во првиот дел од вечерта. Околу пладне ќе започне да дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе има вредност околу -3°С, додека вредноста на максималната температура ќе биде околу 7°С.