Помор на рибите во реката Раец предизвикан од непозната течност намерно истурена од возило


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Непозната течност намерно испуштена од возило во водите на реката Раец, општина Кавадарци, предизвика помор на рибите во речните води, покажа вонредниот надзор што го спроведе Државниот инспекторат за животна средина. Надзорот бил извршен во месноста Фаришки клисури, а присутен бил и јавен обвинител.

Се работи на откривање на сторителот, а земени се и мостри од угинати риби и вода кои ќе бидат доставени до соодветна лабораторија за понатамошно испитување.

„Врз основа на добиена информација од кабинетот на градоначалникот на општина Кавадарци Митко Јанчев за помор на риби во реката Раец, Кавадарци, вчера во доцните попладневни часови извршен е вонреден инспекциски надзор од страна на државен инспектор за животна средина од Одделението за инспекциски надзор во животната средина – Вардарски и Југоисточен, канцеларија Кавадарци. Констатирано е испуштање на непозната течност од возило во реката Раец, при што е дојдено до помор на риби“, информира инспекторатот.

Издадено е и соопштение за забрана за секакво користење на водите од реката Раец во селото Дреново.