ПОМОГНЕТЕ ИМ НА ВАШИТЕ ЦРЕВА НА ОДМОР: Јадете од ова овошје и ќе избегнете големи проблеми!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Многумина кога ќе заминат на одмор, патат од проблеми во дигестивниот систем. Промената на климата и околината си го прават своето, а за да им ставите крај на тешкотиите, една австралиска нутриционистка има вистинско решение.

Ребека Гоуторн вели дека е многу важно да се јаде овошје кое го сакаат цревата.

„Мешавината од влакната и природните шекери во крушите – сорбитолот и фруктозата – помагаат во одржување на вашиот дигестивен систем да биде здрав и спречува запек“, вели таа.

Стомачните тегоби скоро и да не можете да ги избегнете при патување со авион, а причината е нагла промена на воздухот, што посебно се одразува на дигестивниот систем.

„Но, тоа е многу повеќе од самата столица. Здравиот дигестивен систем и цревата помагаат да се чувствувате одлично и да го зголемите вашето ниво на енергија. Исто така му помага на телото да ги апсорбира хранливите состојки од храната и да гради имунитет“, вели Гоуторн.


Крушите се еден од плодовите со најголема количина на влакна, а на летување цревата ќе ви бидат посебно благодарни ако ги јадете редовно.