Помалку снег, повеќе ветар и многу студ во петок


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Снежните врнежи постепено ќе слабеат во раните утрински часови од петок, наутро ќе престанат во западниот крај, а на исток иако слаби претпладне сеуште ќе ги има. Попладне, со исклучок на планините, каде сеуште ќе провејува нешто ситно снег, врнежите генерално ќе престанат.

Но, снегот не е оној кој ќе го има метео приматот овој 6ти јануари. Ветерот  и ниската температура е она што ќе го одбележи денот. Ќе дува умерен северен ветер, но долж повардарие ќе дува повремен силен ветер.
Наутро минималната температура ќе се спушти до вредности помеѓу минус 4 степени и минус 9 степени Целзиусови ,а максималната температура ќе има повисока од минималната само за околу 3 до 4 степени, односно во границите помеѓу минус 5 и минус 1 степен.

Скопскиот крај го очекува облачно време сеуште со снежни врнежи наутро и претпладне, но врнежите ќе имаат тренд на слабеење. Ќе дува умерен, а повремено околу пладне и силен северен ветер. Дневниот од на температурата ќе биде од минимални минус 8 до максимална околу минус 5 Целзиусови.