Advertisements
Славни

Полугола вриштеше за крајот на светот: Славната актерка заврши на психијатар

Миша Бартон, најпозната по улогата во тинејџерската серија O.C. доживеа нервен слом. Актерката беше хоспитализирана откако беше најдена како вришти на дворската ограда додека на себе имала само кошула и кравата, пренесува TMZ.

Во таква состојба ја затекле соседите кои чуле како вришти дека нејзината мајка била вештерка, па се загрижиле за нејзиното здравје и повикале полиција и пожарна. Миша неповрзано зборувала за крајот на светот и за Зиги Стардаст, нејзиното куче.

Ова не е прв слом за Миша. Во 2007 година беше уапсена поради возење во алкохолизирана состојба и под дејство на марихуана, после што доброволно се пријави во клиника за одвикнување од зависности. Две години подоцна заврши во психијатриска установа, а при излегувањето изјави дека за нејзината состојба бил виновен расипаниот заб.

„Вадев заби, а еден ми го дупчеа, па тоа многу ме болеше. Дојдов дома и не можев да издржам. Зедов таблети против болка и затоа завршив во болница“.

Advertisements
To Top