Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Том Круз наводно повторно е вљубен, после петгодишна љубовна пауза во својот приватен живот. Славниот актер наводно е до уши вљубен во неговата колешка од продолжението на франшизата Mission Impossible, Ванеса Криби.
54-годишниот Круз ја забележал 28-годишната убавица во серијата The Crown, каде Ванеса ја глуми принцезата Маргарет. „Полуде по неа и нејзината работа, на продуцентите им рече дека таа мора да му биде партнерка во следната ’Невозможна мисија‘“, изјави извор за InTouch Weekly.
Штом се појави на сетот, меѓу нив наводно веднаш се почувствувала хемија. „Го воодушевува нејзиниот шарм и енергија. Сака да му биде следната сопруга“, тврди изворот и додава дека Курз после смртта на неговата мајка уште повеќе сака повторно да се вдоми семејно.