„Полско цвеќе“ во изведба на Антониа Гиговска – ОВА МОРА ДА ГО ЧУЕТЕ И ДОЖИВЕЕТЕ


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Тоа што за време на речиси цела изведба на Антониа Гоца Тржан плачеше во редот на жири комисијата е доволно релевантен показател за моќта, длабочината и емоцијата со која Гиговска ја изведе трогателната балада „Полско цвеќе“ на прерано починатиот Тоше Проески.

Изведбата е дел од најновата сезона на „Пинкови ѕвездички“, а со својот настап Антониа го освои буквално секој член од жирито и цела присутна публика во салата, а веруваме и мнозинството кои шоуто го следат на ТВ екраните.

„Тоше во јануари оваа година ќе наполнеше 38 години. Ќе беше во најдобрите години и ќе пееше како ѕвер. Но, бидејќи го нема него, те имаме тебе“ изјави Гоца Тржан која за време на цел настап од Антониа не можеше да ги сопре солзите.

„Вака изгледа настап кој е толку емотивен што мене првпат во животот ми се наежи стомакот. Ти се ежи нога, рака, мене ми се наежи стомакот. Вака изгледа достоинствен настап, толку емоции пренесе на нас. Облечена си достоинствено. Вечерва ти си победничка“ изјави Наташа Беклавац.

Антониа Гиговска е дел од евровизискиот тим на придружни вокали на Тамара Тодевска кои вечерва заедно настапуваат на финалната вечер од Евровизија која се одржува во Тел Авив, каде после одличниот полуфинален настап, според многу проценки и прогнози, имаат шанса и капацитет да атакуваат и на победа.