Полските хулигани пресметката од Скопје ја продолжија во Полска


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Полските навивачи изминативе неколку дена беа вистински проблем и предизвик за скопските полициски служби, откако пристигнаа пред фудбалскиот натпревар меѓу Македонија и Полска во рамки на квалификациите за Европското првенство кој се играше во Скопје.

Ултрасите на Видѓев Лоѓ се судрија со ривалите од ЛКС Лоѓ заедно со збратимените навивачи на Лех Познањ.

Полицијата уапси 223 навивачи и скоро целиот ден го минаа во притвор, а откако платија казни за нарушување на јавен ред и мир беа пуштени да си заминат.

Но, пресметката во скопскиот кеј не го дала победникот и групите започната работа во Скопје ја продолжиле во Полска. Во таа пресметка победа однеле ултрасите на ЛКС Лоѓ и им го одземаа знамето со кое црвените се сликаа на плоштадот во Скопје.