Положбата во која спиете открива колку често водите љубов


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Не е никаква тајна дека после сексот следува спиење, но се претпоставува дека некои пози го поттикнуваат сексот.

Новото истражување покажува дека начинот на кој паровите спијат имаат влијание на тоа колку често водат љубов.

Според истражувањето на 1000 луѓе, спиењето лице со лице е најмногу поврзано со сексот.

Следната најсексуална позиција за спиење е положбата во кои партнерите се потполно залепени еден со друг. Меѓутоа, во овој случај постои одреден проблем, барем ако така покажуваат резултатите од истражувањата. Се смета дека многу парови спијат завртени со грбот со малку простор помеѓу нив. Така се изјасниле 37% од испитаниците кои спијат со исти партнер повеќе од 30 години.

Експертите за спиење велат дека спиењето во оваа поза го подобрува дишењето и шансите за болки во грбот утрото кога ќе станете се сведени на минимум. Истаржувањето исто така покажало дека на сексот не влијае само позата на спиење, туку и квалитетот од сонот.