Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Мерките во борба против ширењето на ковид-19 се заоструваат на плантарно ниво. САД очекува 100, 000 починати, Централ Парк е претворен во полска болница, во Москва воведен карантин, смртноста се искачува во Шпанија. Над 730.000 луѓе боледуваат од ковид -19 во светот, а до сега починаа над 35.000, пренесува Телма.
Крај за прошетките и џогирањето во Централ Парк во Њујорк. Кризата со корона вирусот на Њујорчаните прво им ја одзеде слободата за движење, а сега омилениот парк се претвора во голема полска болница. На источната страна на паркот свртен кон болницата „Маунт Синај“ ќе има 14 шатори со 68 кревети, ќе има и интензивна нега со респиратори. Пациентите ќе бидат згрижени од тим лекари и медицински сестри кои им помагале на заразените со ебола во Западна Африка, пренесува „Њујорк пост“. Повеќе од една петина од вкупно заболените пациенти во светот се во САД и во Њујорк. Претседателот Доналд Трамп рече дека доколку починат 100,000 луѓе тоа ќе биде „добро завршена работа“ за лекарите, објаснувајќи и нацијата дека врвот на заболени допрва пристига.
Државите во светот ги заоструваат мерките против Ковид 19. Повеќе од 3,3 милјарди или 43 проценти од вкупното население на планетата земја се наоѓа во домашен карантин. Од денеска Русија ги затвори границите, а Москва замина во строг карантин, руксиот премиер од бара иста мерка за цела држава. Во Европа стивнува, но не болеста туку животот и секојдневието. Италија стана непрепознатлива откако во земјата повеќе од 90.000 илјади луѓе беа заразени со Ковид-19 за помалку од осум недели, а за граѓаните се воведени строги мерки на карантин, кои личат на куќен притвор, со цел да се спречи ширењето на вирусот. Во Италија улиците се пусти и затворени, но продавниците за храна работат постојано. Вработените во маркетите се пожалија дека не можат да издржат, а реагираат дека после лекарите тие се на удар од можноста за зараза.
Нема барови и ресторанти низ Италија, а тишината единствено ја параат звуците на амбулантните возила и полицијата. Владата во Шпанија,пак, која се со соочува енормен раст на заболени и починати одлучи на работниците кои не се дел од главните стопански гранки да останат дома до 9 април. Шпанија се надева дека строгите мерки ќе го намалат ширењето на болеста Ковид -19. Заразата не и поштедува ниту моќните владари на држави. По, Велика Британија, премиер кој е под сомнеж дека е заразен е Бенјамин Нетанјаху, бидејќи позитивен е негов соработник. Препораките на израелското министерство за здравство е 14- дневна изолација и за 70-годишниот премиер. Србија од регионот прединачи и наместо 14- воведе двојно подолга самоизолација, а последните најави на претседателот Александар Вучиќ се на владата да и предложи 24- часовен карантин. Словенија од денеска го ограничи движењето на граѓаните од општина ов општина. Поштедени од оваа мерка ќе бидат граѓаните кои не живеат во општината каде што работат и ако мораат поради грижа за стари или изнемоштени лице да патуваат надвор од својата општина.