Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Над 20 народни избраници од најголемата опозициска партија во кус период, јавно, најчесто преку Фејсбук, објавија дека нема да гласаат за ревизија на уставот. Во оваа група се Васил Пишев, Влатко Ѓорчев, Дафина Стојановска, Зоран Илиоски, Емилија Александрова и други.
По ова се отвора прашањето дали станува збор за координиран настап, став на партијата или пак едноставно се користи слободата дадена од раководството, секој пратеник сам да одлучи како ќе се постави во однос на референдумот и се што тој предвидува.
Извори од ВМРО-ДПМНЕ потврдуваат дека не се работи за нешто ново, односно дека секој од пратениците се води по заклучоците на раководство, само по свое убедување да се однесува кон референдумот и аспектите кои произлегуваат од него.
И Трајко Вељаноски се изјасни дека ќе го бојкотира референдумот, а ставот го изрази преку неговиот Фејсбук профил.
Претседателот на партијата Христијан Мицкоски во интервју кажа дека ќе ги почитува резултатите од граѓанското изјаснување.
-Ако референдумот е успешен и ако мнозинството граѓани се изјаснат „за“ дека го поддржуваат сето ова, тогаш ситуацијата е јасна, односно, ако бидат исполнети двата услова, првиот да има цензус и мнозинството да гласа во насока на поддршка на референдумското прашање, ситуацијата е јасна, изјави претседателот на ВРМО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Во меѓувреме дел од раководството повика масовно да се гласа на 30 Септември. Тие се на став дека ВМРО-ДПМНЕ треба да има јасен став за граѓанското изјаснување. Освен така нараченото реформаторско крило, и поранешниот министер за здравство Никола Тодоров кажа дека ќе излезе на референдумот.