Половина милијарда евра од ЕУ за вооружување на Украина блокирани од Унгарија


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Унгарија ја блокирала испораката на осмата транша на помош за Киев за купување оружје од таканаречениот Европски фонд за мир во вредност од 500 милиони евра, јавува италијанската агенција Анса повикувајќи се на извори во Брисел.

Будимпешта наводно бара гаранции дека фондот во иднина ќе го зачува својот глобален карактер и дека нема да се користи исклучиво за вооружување на Киев, пренесува италијанската агенција.

Се прецизира дека траншата во износ од 500 милиони евра за Украина требало да биде испратена на 22 мај.

Вонбуџетскиот Европски фонд за мир е формиран во 2021 година за да „ја зголеми способноста за спречување конфликти и јакнење на меѓународната безбедност“. Големо количество од парите веќе е резервирано за делумно враќање на средствата на државите кои ѝ испратиле оружје на Украина.

Шефот на дипломатијата на ЕУ Жосеп Борел во март понуди од фондот да се издвојат дополнителни милијарда евра за финансирање муниција за украинските сили.