Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Рурук Гисласон, исландскиот фудбалер кој во натпреварот против Аргентина на теренот во игра помина половина час, стана вистински хит фраер на социјалните мрежи. Имено, откако накратко влегол во игра, тој буквално преку ноќ добил 250 илјади нови следбеници достигнувајќи бројка од над 600.000 обожаватели на социјалната мрежа.
Популарноста на Рурик Гисласон посебно се крена во земјите од Јужна Америка, кај тамошните жешки латиноамериканки.
Бразилската актерка Габриела Лопес ги запрашала своите два милиони обожаватели „како е можно да е толку сладок“, а згодниот Исланѓанец не престанува да освојува со својот изглед.
Аргентинската актерка Гимена Акарди споделила дека 40 илјади нејзини обожаватели започнале да го следат профилот на Гисласон за само 30 минути. Пред натпреварот, фудбалерот имал околу 30 илјади следбеници, а таа бројка моментално изнесува 490 илјади и понатаму молскавично расте.