Полни „како брод“, а возат нормални автомобили: Девет милијардери со обични возила


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Еден од најеклатантните показатели на социјалните и економски статус во општеството, секако, е скапоцениот и луксузен автомобил од некој од брендовите кои не можеме да си ги дозволиме ние, „обичните смртници“. Но, тоа не е случај кога станува збор за овие девет светски милијардери.

Богатството на Мајкл Блумберг е проценето на 52,1 милијарда долари, но типот вози Chevrolet Suburban. Цената на основната верзија од овој модел е 39.200 долари.

Ко-основачот на Google, Сергеј Брин, „тежи“ 54,2 милијарди долари, а за развозување одбра Toyota Prius чиј основна верзија чини 30.920 долари.

Директорот на Alphabeta и ко-основач на Google, Лери Пејџ, вози ист автомобил како колегата Брин, а тежи 55,5 милијарди долари.

Основачот и директор на Facebook, Марк Закерберг поседува богатство кое се проценува на 64,6 милијарди долари, а вози Acura TSX со цена од околу 30.635 долари, па нагоре.

Бившиот челник на Microsoft, Стив Балмер, поседува Ford Fusion Hybrid, автомобил кој во основната верзија чини 25.295 долари. А да, поседува богатство проценето на 41,9 милијарди долари.

Основачот и претседател на Amazon, Џеф Безос, е најбогатиот човек на светот со 154,2 милијарди долари „на лагер“, а во гаражата има Honda Accord која чини 16.995 долари.

Основачот и прв човек на Alibaba Group, Џек Ма, е сопственик на SUV Roewe RX5, а неговото богатство се проценува на 38,4 милијарди долари. Возилото му чини 15.000 долари.

Милијардерот Џим Волтон, основач на Walmart, поседува Dodge Dakota, автомобил чија цена за нов модел е 8.845 долари, а богатството му се проценува на 45,2 милијарди долари.

Најевтин автомобил на оваа листа на „тешкаши“ има ко-основачот на Microsoft, Пол Ален. Тој вози Mazda B-Series чија цена на основната веризја е 7.099 долари. Ален „тежи“ 20,1 милијарда долари.