Home Актуелно Полковник од украинската разузнавачка служба пронајден застрелан во глава

Полковник од украинската разузнавачка служба пронајден застрелан во глава

Полковник на украинската разузнавачка служба СБУ е пронајден мртов во својата канцеларија во Киев, потврдено е за Украинска правда. Бил пронајден со прострелна рана во главата.

„Околностите за смртта на вработениот во СБУ се истражуваат во рамки на кривичната истрага што ја спроведуваат истражителите на Националната полиција на Украина“, соопштија од СБУ.

„Службата ќе ѝ ја пружи сета потребна помош на полицијата за да се спроведе целосна, објективна и непристрасна истрага“, велат оттаму.

СБУ изрази сочувство до семејството и пријателите на починатиот полковник.

 

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…