Полициско запросување во Русија


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во рускиот град Пит Јах припадник на полицијата со букет цвеќе во рацете и на колена ја запроси избраничката на своето срце за време на утринското службено постројување, соопшти на својот инстаграм-профил регионалната управа на МВР.

Како што се наведува во соопштението, вообичаеното утринско постројување се претвори за истражниот судија во Пит Јах, Евгенија Буденкова, во гламурозно изненадување за паметење.