Полициска потрага за апсење по член на Судскиот совет – осомничен за злоупотреба на службена должност


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Одделот за организиран криминал при МВР и Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција отвори истрага за десетина службеници вработени во секторот за урбанизам во општина Тетово.

Освен овие десет лица, полицијата трага и по членот на Судскиот совет, Зоран Теофиловски. Сите се осомничени за злоупотреба на службената положба, односно незаконска легализација и за приватизација на атрактивно државно земјиште.

Станува збор за бесправна легализација на поранешното Тениско спортско Здружение Љуботен Тетово, чиј поранешен претседател е членот на Судскиот совет. Со незаконската постапка на приватизација на земјиштето е предизвикана сериозна шетата на Буџетот. Објектот наводно го поседува судијата Теофиловски под друго име. Тој е зет на поранешната претседателка на Судскиот совет Александра Зафировска, позната од бомбите по соработката со Груевски за време на изборот на судии.

Теофиловски утринава не присуствуваше на седницата на Судскиот совет. Истата беше одложена, но не поради неговото отсуство, туку затоа што новиот член на Советот не бил запознаен со кандидатите, па му оставиле време и седницата ја закажале за по новогодишните и божикните празници. На денешната седница на Советот требаше да бидат избрани судии во Апелацискиот суд.