Полициска бруталност во Ново Мексико: Насилно го извлекоа возачот од автомобил


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Видеото кое е снимено во Ново Мексико, а на кое се гледа на дело полициската бруталност на тамошните безбедносни служби на дел, вирално се споделува на социјалните мрежи. Џандарот најпрвин тропа на страничното стакло, за потоа да го скрши и насилно да го извлечи од автомобилот возачот.

Полициските служби поради оваа видео се најдоа на огромен удар од критики на јавноста, па беа принудени да објават друго, нивно видео од истата ситуација, кое ја прикажува другата страна од „приказната“.

Филип Пејџ и сопатничката Анџела Фишер-Херера буквално беа насилно извлечени од возилото поради тоа што се возеле без да бидат врзани со безбедносни појаси.