Advertisements
Авто мото

Полицијата во Швајцарија прва се „електрифицира“

На објавениот тендер за набавка на нови службени возила за потребните на полициските служби, швајцарската полиција одбра електричен модел на автомобил.

Кантоналната полиција во Сент Гален реши на тендерот да одбере возила во согласност со локалната политика. А тоа се однесува на намалување на загадувањето со издувни гасови и строгите правила за бучава. Единствен избор бил корејскиот кросовер на Хјундаи, електричен модел со 204 Кс.

Електричниот модел задоволува и според просторот во автомобилот , како и со опремата . Малку електрични модели се комотни за пет лица и имат над 330 литри багажник со добри преформанси и капацитет на должинско изминување со едно полнење од 450 километри.

Пет од автомобилите Хјундаи Кона доаѓаат во полициска варијанта и ќе служат за редовните полициски задачи , додека другите осум ќе бидат користени како поддршка и доаѓаат во цивилна варијанта.

И покрај повисоката цена (46.990 франци) во однос на конвенционалните возила , помалите трошоци ќе ја анулираат разликата, сметаат од кантоналната полиција.

Advertisements

Најпопуларно

To Top