Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Млад пар кој дамнешната 1987. година тргнал во Сиетл никогаш не стигнал на својата дестинација. Танја Ван Кајленборг и Џеј Кук на своето патување сретнале човек кој ги убил. Танја ја силувал а Џеј брутално го претепал, а зад себе во нивното комбе оставил пластични ракавици.
Полни три децении убиецот бил далеку од рацете на правдата. Истражителите минале илјадници часови испитувајќи сомнителни лица и следејќи трагови, но се било залудно додека некогашната актерка од мјузикл, без ден искуство во полициската фела, не ја презела работата.
Цеце Мури и нејзиниот тим убиецот го пронашле во само три дена, пишува Вашингтон Пост.
Мури зела ДНК профил од убиецот и го уфрлила на веб страницата која ја користи генетиката за да се најдат роднини. На тој начин таа го направила семејното стебло на убиецот, што на конец ја довело до еден осомничен: Вилиам Ерл Талбот, возач на камион кој бил уапсен истиот месец.
Нејзиниот тим зел ДНА од убиецот кој е пронајден на местото на злосторството и го уфрлила на страната ГЕДмеч, веб регистар кој овозможува на луѓето да ги пронајдат своите роднини, така што нивниот ДНК го споредуваат со милијарда други. Откако минала осум часа споредувајќи ги податоците, Мури пронашла двајца луѓе со кој убиецот делел доволно гени, а кои потекнувале од различни гранки на семејството. Недостасувало само уште да се пронајде поврзаноста помеѓу тие две лица.
Откако ги анализирала неговите предци, почната да го составува семејното стебло, а при тоа користела податоци од документи и весници. Кога го пронашла некрологот, кој го објавила личноста од семејното стебло на убиецот, дошла до презимето на мајката на Талбот и ја пронашла алката која и недостасувала.
Со помош на оваа метода, Мури и нејзиниот тим помогнале да се уапсат неколку убијци поврзани со случаите од осумдесеттите и деведесеттите години.