Полицијата само за викендот казни 200 возачи во Скопје


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Продолжениот викенд го испразни Скопје, но тоа не беше причина полицијата да не ги казнува несовесните возачи, јавува Канал 5.

200 возачи заработија казни во засилените контроли за време на викендот, а само синоќа полицијата напишала стотина казни за непрописно и брзо возење.

Од МВР информираат дека во вчерашната акциска контрола од 6 часот до полноќ, санкционирани се 33 возачи на автомобили поради пречекорување на брзината, а откриени се и 57 останати прекршоци. Во вчерашната акција, казни заработиле и 47 возачи на мотори.

Граѓаните се револтирани. Велат најопасно на улиците е за време на викендите и не се чувствуваат безбедно во сообраќајот. Според нив, потребни се позачестени полициски контроли, но и поголема совесност кај возачите. Имаме ниска сообраќајна култура, правилата и прописите не се почитуваат, ни изјавија дел од нив.

По зачестените сообраќајни несреќи со мотоцикли во Скопје, полицијата одлучи да ги лови несовесните моторџии, но и да стави крај на ноќните трки во градот. Пред само неколку денови петмина пешаци, од кои едно дете, беа повредени во сообраќајки со мотор. За осум месеци полицијата напишала 50 илјади казни само во Скопје за сообраќајни прекршоци. Од нив 1.111 се за моторџии.