Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Бившиот прв човек на македонската полиција, Митко Чавков, на само еден ден по определената мерка куќен притвор, при полициска проверка на неговата домашна адреса, не бил дома и никој не отворал врата на полицијата.
На денешниот брифинг со новинарите, претседателот на Кривичниот суд, Иван Џолев откри дека МВР неколку часа пред Кривичниот совет да одлучува дали да му изрече мерка притвор на Чавков, доставило известување во кое стои дека Чавков не ја почитувал мерката куќен притвор.
„На 27 март до судот е доставено известување од МВР во кое стои дека истиот ден во 18 и во 20.30 часот, при извршени проверки од страна на полицијата, утврдено е дека лицето Митко Чавков не се наоѓа на адресата која Врховниот суд му ја определил за издржување на мерката притвор како и дека никој не отворал врата на дадената адреса“, рече претседателот Џолев.
Тој извести дека Чавков подоцна бил лоциран на друга адреса и дека самоволно одлучил да ја издржува мерката притвор на друга адреса, а не на онаа која му била определена од Врховниот суд.
Законот предвидува дека ако обвинето лице на кое му е определена мерка куќен притвор се оддалечи од домот спротивно на одлуката на Судот, таа мерка може да му биде заменета со построга мерка за обезбедување на присуство во текот на постапката.
Џолев дополни дека при одлучување на Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1, освен опасноста од бегство, судот го зел предвид и известувањето од МВР дека Чавков двапати не ја почитувал изречената мерка од Врховниот суд.