Актуелно

Полицијата открила 25 мигранти кај струмичко (видео)

Триесет минути по полноќ во полицијата било пријавено дека во близина на селото Костурино, струмичко, има поголема група на мигранти и две патнички возила во кои се товарат мигрантите.

Полициски службеници излегле на местото и го пронашле возилото „форд галакси“ со англиска национална ознака, кое било празно и без клучеви.

„Во непосредна близина на возилото биле откриени 25 мигранти од Пакистан. Веднаш потоа, во близина на местото, полициските службеници го стопирале и второто возило („БМВ“ со радовишки регистарски ознаки), кое, исто така, било пријавено. Возилото го управувал А.А. (32), а сопатник бил Ш.Е. (25), двајцата од с.Калаузлија, радовишко. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти МВР.

Advertisements
To Top