Полицијата ја искарала за ова


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


33-годишната Изабел Бери од Итон, Беркшир, беше изведена пред полиција поради тоа што, облечена во црн бикини од „Прада”, си правела секси фотосесија на тревникот од кралскиот замок Виндзор пред очите на вообичаените туристи.

Многу локални жители на Беркшир биле запрепастени од нејзините лудории, но посетителите на блиската продавница „Wetherspoons”, наводно, побрзале лично да видат како тоа го прави Изабел.

Моделот Изабел изјави: „Мислам дека кралското семејство не би било многу среќно, но не повредувам никого, сето тоа е само за забава“.

Сепак, Изабел порача дека го сака кралското семејство и дека замокот Виндзор го смета за прекрасен.

Таа рече дека полицијата ја искарала кога ја забележале нејзината фотосесија на ѕидините на замокот.

„Тие рекоа дека не смеам да излегувам таму и да се сликам вака и дека морам да се облечам или би можеле да ме уапсат, можеби бидејќи носам танга”.

На почетокот беа многу сериозни и велеа: „Немој повеќе да правиш такво нешто, бидејќи може да те уапсат“. Но, на крајот и тие се насмевнаа.