Полицијата го забетонирале влезот во ресторан во Церма и ги уапси газдите оти не се почитувале анти-ковид протоколи


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Еден ресторан во швајцарскиот град Цермат се противел на примената на ковид-мерките, поради што полицијата презела строги мерки – чуварите на редот со бетонски блокови го забарикадирале влезот во ресторанот.

Од средината на септември е воведена обврска за контрола на сертификатите за вакцинација, потврдите за прележан ковид-19 или негативен тест за влез во гастрономски објект.

Сопственикот на семејниот ресторан „Валисеркане” во скијачкиот центар Цермат одбил контрола на тие документи, и покрај повеќекратните повици на надлежните власти.

Сега на властите им дошло преку глава и решиле да дејствуваат.

Полицијата во петокот го затворила ресторанот по налог на кантоналната влада бидејќи сопственикот го прекршил законот со тоа што не ги проверувал ковид-потврдите, извести полицијата. Од судството и полицијата се бара да се погрижат населението да ги почитува законите донесени од демократски избраниот парламент на Швајцарија.

Подоцна во текот на денот, игнорирајќи ја наредбата за затворање, сопственикот на ресторанот повторно го отворил објектот. Како одговор, полицијата повторно го затворила и постави големи бетонски блокови пред зградата. Меѓутоа, менаџерот на ресторанот повторно го отворил во саботата наутро и со микрофон објавил дека ресторанот е отворен за работа. Тој гостите ги воведувал на задната врата, а бетонските блокови ги претворил во шанк.

Огорчена, полицијата полицијата решила да ги исфрли сите гости од ресторанот, ги уапсила сопственикот и неговите родители и ги ставила во притвор. При апсењето бил даден отпор, односно дошло до тепачка, што резултирало со повреда, според извештаите на различни медиуми.

Браќата што управуваат со ресторанот отворено ги шират своите верувања дека не постои ковид. Тие учествуваат и на германска веб-страница што објавува содржини за теории на заговор. Во интервју за страницата, еден од нив вели дека не постои пандемија, нема епидемија и дека само 0,001% од светската популација починале од оваа болест, односно 79.000 смртни случаи. Според процените на Економист, близу 17 милиони (0,22% од глобалното население) досега починале од последици на ковид-19.