Полицајците кои го вршеле спроводот на избеганиот затвореник и командирот кој ја издал наредбата за тоа се суспендирани – ќе завршат пред суд


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Четворицата полициски службеници кои го вршеле спроводот на избеганиот затвореник и командирот кој ја издал наредбата се суспендирани од работа, потврдуваат од Министерство за правда за А1он.

Тие се наоѓаат на распит во Обвинителство, а потоа ќе бидат спроведени и пред судија на претходна постапка. Неофицијално, за нив ќе се бара притвор, поради сомнеж дека акцијата за бегството била испланирана, но и индиции за влијание на сведоци и нивна недостапност за органите на прогонот.

Предистрагата за бегството на затвореникот осуден на над 20 години затворска казна ја води Обвинителството за гонење организиран криминал односно полициското одделение предводено од Лиле Стефанова.

“А1он” објави дека Срѓан Димитриевски е командирот кој бил на смена вчеравечер во „Идризово“, кога се случи бегството на затвореникот осуден за обид за убиство и дрога, а полицаец беше повреден. Димитриевски е лице осудено за примање мито како полициски службеник од МВР.

За затвореникот е распишана меѓународна потерница. Се шпекулира дека тој по бегството е пренесен во Косово. Информациите се непотврдени, но кореспондираат со распишаната потерница.