Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во босанснското место Козлук, крај Зворник, полицајци биле принудени да исклучат еден пешак од сообраќајот кој бил толку пијан што нестабилно се тетеравел по магистралниот пат, загрозувајќи ја безбедноста на целокупниот сообраќај и својот живо.
49-годишниот маж кој подоцна бил идентификуван како Шемсо Б. за несреќа по веселата ноќ наишол на полициска патрола која ја контролирала состојбата во сообраќајот.
Го забележале како во неделата во утринските часови се тетерави по магистрален пат. Веднаш го подложиле на контрола, која главно е резервирана за возачите, а алкотестот покажал дека е сосема пијан.
„Со спроведеното алкотестирање беше утврдено дека има 4,46 промили алкохол во организмот“, се вели во соопштението на локалната полиција.
Според стандардните мерења, присуството на алкохол во јрвта поголемо од четири промили се води во категоријата наречена „алкохолна кома“ и по правило значи дека лицето испило повеќе од еден литар жесток алкохолен пијалак.
Вџашени од резултатот, полицајците решиле Шемсо Б. да го „исклучат од сообраќајот“ и го одвезле во притвор на трезнење.
Полицијата соопшти дека овој случај го искористиле како повод да ги повикаат сите учесници во сообраќајот да внимаваат што прават, на до пешаците апелирале да не одат по улица ако се пијани.