Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Полициската службеничка Јасмина Јаначковска денес, вторник, даде изјава пред основното јавно обвинителство Скопје во врска со инцидентот во кој освен неа, беа вклучени и Беќир Асани и едно пајак возило.
Основното јавно обвинителство вчера соопшти дека повело постапка за инцидентот и потврид дека на разговор била повикана службеничката, а надлежен обвинител постапува по предметот.
Пoлицајката која му повика пајак на Асани по инцидентот се сретна со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и изјави дека функционерот на ДУИ ја нападнал само вербално, а не и физички. Рече дека самата се повредила кога при повлекување се удрила од пајак возилото.
Меѓутоа, јавноста не е многу убедена во оваа верзија на инцидентот и се зголеми притисокот да се објавата видео снимки од надзорните камери од инцидентот, но од Министерството за внатрешни работи соопштија дека немаат законска основа да го сторат тоа.