Полицајка доеше бебе кое во болница стигна валкано и гладно


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Полицајката Селесте Ајала беше на должност во една аргентинска детска болница, каде беше примено ненахрането и валкано бебе за кое на прв поглед беше јасно дека живее во тешки услови.

Селесте веднаш забележа дека болничкиот персонал има премногу работа во тој момент и праша дали може таа да го земе бебето и да го надои.

„Забележав дека е гладно, си го ставаше рачето во уста. Прашав дали можам да го гушнам и да го надојам. Беше тоа тажен момент, ми се скрши срцето додека го гледав. Општеството би требало да биде почувствутелно и посовесно за проблемите на децата, ова не смее да се случува“, изјави полицајката за локалните медиуми.

Бебето е најмладо од шесте браќа и сестри кои мајката ги одгледува сама.