Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Скопската полиција поднесена кривична пријава против М.П. (45) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста.
Како што информираа од полицијата на 14 јануари околу 4.30 часот полициски службеник од ПС од ОН Карпош вршеќи службено дејствие, транспорт на лице со возило од Итна медицинска помош, физички бил нападнат од страна на пријавениот.
Истиот го удирал полицискиот службеник со рака во пределот на стомакот и лицето, кој се здобил со телесни повреди.