Полицаец со карактер


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Полицаец ги запрел една мајка и нејзиниот син, средношколец, бидејќи со автомобилот не запреле пред знакот Стоп. Имал намера да им пише казна, но ситуацијата добила поинаков тек на нештата.

Откако мајката објаснила дека на знакот Сопт не застанале бидејќи брзале на фото сесија каде што ученикот требало да се фотографира со своите соученици, а потоа и на забава, но доцнеле бидејќи не знаел како да си ја врзе вратоврската, иако гледал како се прави тоа на многу видеа на Јутјуб.

Полицаецот се предомислил и место да го казни, му ја наместил вратоврската.

Видеото го направила мајката на средношколецот, а го споделиле дури и од полициската станица каде што е вработен добриот полицаец кој им помага на граѓаните во неволја.