Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Полицаец од Крива Паланка тврди дека бил физички нападнат со два шлаканици од страна на градоначалникот на истиот град, Сашко Митовски.
Во објава на социјалните мрежи, Кристофер Стоевски пишува дека инцидентот се бил во петокот вечерта кога по заминување од угостителски локал, се случила сообраќјна незгода поради која сообраќајот бил кратко во прекин.
-Бидејќи автомобилите стоеја оштетени на патот, сообраќајот беше во застој само неколку минути, па така ВИДНО изреволтиран и во видно алкохолизирана состојба, таткото на Крива Паланка – С.M. приоѓа и од нигде никаде, ме напаѓа со 2 шамари затоа што сум чекал со автомобилот на пат, што е согласно законските прописи дека не треба да се поместува возило при сообраќајка.Пишува Кристофер Стоевски – Припадник на МВР, кој вечерта не бил на должност, додавајќи дека не му возвратил на Митовски туку повикал полиција и го пријавил случајот на кој посведочеле многу луѓе.
Но, градоначалникот на Крива Паланка Сашко Митовски во изјава за Канал 5 негира дека физички го нападнал полицаецот. Не сакаше да говори многу за случајот и ги повика надлежните да го расчистат..
Го нападнавте или не?
-Не, не. Јас ги охрабрувам надлежните институции да постапат и нека го расчистат целосно случајот и целото тоа обвинување ќе го докажуваме пред надлежните институции. Доколку се докаже некаква вина јас сум спремен за било каква одговорност, изјави – Сашко Митовски.
Дека настанот е пријавен во МВР потврди и министерот за внатрешни Оливер Спасовски синоќа во тв гостување, без да навестува каква би била разврската. Денеска од министерството велат дека по целосното документирање ќе следи соодветен поднесок
-На 14.01.2023 во ОВР Крива Паланка К.С пријавил дека во угостителски објект бил физички нападнат од С.М. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
Околу инцидентот за кој пишува полицаецот Кристофер Стоевски реагираа и од опозициската ВМРО ДПМНЕ од каде го прозваа градоначалникот Сашко Митовски ако се потврдат наводите веднаш да си поднесе оставка. Од СДСМ од чии редови е градоначалникот на Крива Паланка засега нема реакција.