Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
За разлика од поединечни негови колеги од самиот врв на државните политики ширум светот (нашиве не се ништо „помалку“ од нив), јапонскиот премиер Шинзо Абе не инсистира на тоа да се прави драма затоа што мора некаде да оди со автомобил.
Напротив, поради неговото поминување по одредена сообраќајница, не само што не се затвора сообраќајот на истата во траење од половина час или можеби и цел час (како што е пракса кај нас и по некои земји во светот), туку нема ниту минимален прекин, а нема присуство ниту на еден куп блиндирани возила, полициски коли, сообраќајци со мотори како претходница и слични други безбедносни структури и мерки.
На Абе му се потребни пет автомобили од кои, ова мора да го видите, буквално се излезени низ прозорците неговите телохранители чија задача е, со бели ракавици, да ги замолат останатите учесници во сообраќајот да му направат малку место на премиерот да се вклучи во сообраќајот, без притоа да има било каков прекин и застој.