Политичар со македонско потекло стана Министер за надворешни работи на Уругвај


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Ернесто Талви, кој по татко има македонско потекло, е именуван за нов министер за надворешни работи на Уругвај.

Лани во октомври 62-годишниот Талви учествуваше на претседателските избори. Тој е син на емигранти од Македонија и Куба и има импресивно и долго искуство како политичар и економист.

Вчера Обединетата македонска дијаспора (ОМД) му честиташе на Ернесто Талви и му посака успешен мандат како министер за надворешни работи и изразија надеж дека Уругвај и Македонија ќе ги зајакнат билатералните и трговски односи под негово водство.

Татко му на Ернесто бил роден во Скопје, а мајка му во Куба. И двајцата имаат еврејско потекло.