Полициски еротски скандал: Разуздана службеничка гола се слика по канцеларии


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Вработена во белгиското Министерство за внатрешни работи беше суспендирана бидејќи на додека била на должност, за време на работни часови, се фотографирала во разголено издание по канцелариите и лифтовите од министерството, пренесува ВВС.

Жената чиј идентитет не е откриен шест години работела во споменатото белгиско министерство, а тврди дека секси фотките се од приватен карактер и немаат врска со нејзината службена работа и одговорност, како и со работното место. Но, министерството не се согласува со нејзиниот став, бидејќи на фотките јасно се гледа објектот во кој таа работи.

Постоењето на фотографиите прва го откри француска телевизија правејќи прилог за луѓето кои нудат сексуални услуги, а потоа на интернет се појавиле и фотографи на кои таа позира гола во канцелариите од министерството и лифтовите од објектот во Брисел.

Таа добила наредба да го предаде својот лаптоп и идентификациската картичка од министерството поради привремена суспензија додека да се разреши скандалот. Обвинета е за нанесување на штета на угледот од министерството, а нејзините адвокати го тврдат токму спротивното – дека министерството направило штета на нејзиниот приватен живот од „одмазднички побуди“.