Полемики после дербито: Дали Интер беше оштетен (видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Јувентус и Интер одиграа реми без голови во големото дерби синоќа, а присуството на ВАР технологија не ги спречи полемиките после натпреварот.

Имено, во средината на второто полувреме Икарди шутираше кон противничкиот гол, Бенатиа го изблокира ударот со рака, но судијата Валери не покажа на белата точка.

Интересно е тоа што не реагираше ниту ВАР системот, па воопшто не беше прегледана снимката за да се види спорниот момент.