Полемики и контроверзи: Ова е тимот на годината на ФИФА


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Изборот на најдобриот тим на ФИФА за 2016 година, а кој го бираат фудбалските професионалци (FIFPro), повторно предизвикува контроверзи, не поради тоа што деветмина во идеалните 11 се од Реал и Барселона, туку поради имињата кои се или не се во најдобриот тим.

ФИФА на гала церемонијата која ќе се одржи на 9 јануари во Цирих ќе го објави идеалниот тим за 2016 година. Новинарите од неколку медиуми успеале да дознаат како изгледа идеалниот тим во формација 4-3-3, па веќе почна лавина на критики.

Деветмина во тимот се играчи на Реал или Барселона, а од другите екипи во идеалните 11 се само голманот на Баерн, Мануел Нојер и дефанзивецот на ПСЖ, Тиаго Силва.

Токму изборот на Тиаго Силва предизвикува големи контроверзи, бидејќи тој на позицијата централен дефанзивец влегува пред Серхио Рамос, кој своето место во идеалниот тим го најде на позицијата десен бек.

Во изборот зад Тиаго Силва останаа Леонардо Бонучи, Џорџо Кјелини, Дијего Годин, Матс Хумелс, кои имаа многу поуспешна година од Бразилецот.

Исто така дискутабилно е како Нејмар успеал да му ја „украде“ позицијата на соиграчот Луис Суарез, кој ја освои „Златната копачка“ за најдобар стрелец.

Место во овој тим нема ниту за најдобриот играч и стрелец на Европското првенство, Антоан Гризман, но и за носителот на играта на Лестер, Нголо Канте кој имаше неверојатна сезона.

Вака изгледа тимот на годината според ФИФА!

03-01fifa1