Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Авионскиот простор предвиден за прва класа полека, но сигурно се стеснува со тенденција за брзо и да исчезне како понуда.
Некои американски компании, како „Delta“ сосема ја исфрлија првата класа од нивните авиони , додека наскоро прва класа ќе нема ниту на меѓународните летови на „United“. И покрај тоа што цените на билетите за првата класа се двојни и повеќе повисоки, сепак не може да ги покријат трошоците за одржување на таквата патувачка услуга.
Така само за изработка на седиштето во авион во делот од прва класа се потребни и до 350 000 долари. Освен тоа, кавијарот, шампањското и услугата се прескапи за со нив да се покрие ценатат на билетот.
Дури и авиокомпаниите, кои се фалат со луксузот во првата класа, како „Emirates“, ги исфрла од употреба повеќето авиони со голем дел за првата класа, а остануваат само авионите што имаат најмногу осум луксузни седишта.
Најголем „виновник” за ваквиот тренд се квалитетните места во бизнис класата, каде патниците велат дека им е сосема удобно, а храната може да биде иста и како онаа во економската класа.
Во анализата на Business Insider се истакнува и примерот на бизнис класата во авионите на „Qatar Airways“, кои се полуксузни и од просторите за прва класа на повеќето авиопревозници.