Поларните мечки ќе изумрат во наредните 30 до 40 години


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Најголемите копнени месојадци на светот поларните мечки, ќе изумрат во наредните 30 до 40 години, предвидува една студија од 2013 година.

Како што пренесува „Глас на Америка“, нивната судбина е директно поврза со климатските промени и губењето на мразот на Арктик, кое е нивно главно ловиште. Наједноставна формула за слабеење е: јадете помалку и ќе изгубите килограми. Новото истражување покажува дека исто така делува и на светската популација на поларни мечки.

„Мораат да уловат барем една фока на секој 5 до 10 дена, тоа е само за преживување. Доколку не успеат, губат на тежина и тогаш тоа влијае на други работи како нивното здравје, репродукција и слично“, вели американскиот истражувач Џорџ Дарнир.

Климатските промени, кои настануваат како последица на човечки активности, значат намалување на сантите со мраз, и пократок период за лов. А сето тоа значи дека мечките треба да вложат повеќе енергија за да дојдат до храна.

„Но, ако го намалиме тој период, да речиме дека мразот се топи порано за време на летото, тогаш го земаме копното под нозете на поларните мечки. А тие повеќе ќе немаат платформа за лов на фоки“, објаснува Дарнир.

Новото истражување објавено во списанието „Science“, се темели на податоци кои истражувачите ги собираат набљудувајќи снимки од камери кое се таму поставени. На тие снимки се гледа како поларните мечки ја минуваат сезоната на лов.

„Се гледа како мечките преминуваат преку замрзнатото море, како припремаат дупки за лов на фоки, и од нивна перспектива се гледа како фоките им побегнуваат.

Истражувањето потврдува дека мечките за време на сезона на лов, наместо да ја зголемат тежината тие губат дури и до 10%.

„Ќе биде полошо, пред да биде подобро.Лоша е ситуацијата за поларните мечки, што би можело да влијае и на нас луѓето“, смета Дарнир.

Во најмала рака предупредува дека намалениот број на новородени мечиња, може да влијае врз долгорочен статус на загрозена врста.