Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Режисерот Роман Полански е овогодишен добитник на француската филмска награда „Цезар“, пандан на холивускиот „Оскар“, за режија на филмот „Офицер и шпион“. Ова негово наградување беше повод неколку актери, во знак на револт, да ја напуштат церемонијата на доделување на наградите во Париз.
Во Градот на светлината, синоќа, пред салата во која се оддржуваше церемонијата, се собраа демонстранти во знак на протест заради номинирањето на филмот на Полански, кој се соочуваа со обвинение за силување, а полицијата мораше да интервенира со солзавец за да ги растера.
Филмот на Полански „Офицер и шпион“, за познатата афера Драјфус, која го стресе француското општество на крајот на 19 и почетокот на 20 век, беше номиниран во 12 категории за наградата „Цезар“.
Британските медиуми јавуваат дека, пред салата, во која се одржуваше свеченоста учесниците на протестот носеа транспаренти со натписи како: „Индустрија која ги штити силувачите треба да се засрами“.
Пред две недели целиот одбор на академијата „Цезар“, францускиот еквивалент на американскиот Оскар, поднесе оставка заради бранот критики бидејќи фирмот на Полански имаше дури 12 номинации.
Одлуката неговиот филм да се најде во конкуренција предизвика негодување од феминистичките групи и доведе до повик за бојкот.
Полско-францускиот режисер е баран од САД заради силување на 13-годишно девојче, што беше сторено уште во 1977 година.
Полански ги напушти САД уште за време на судењето.