Покетино: Се надевам дека Ериксен ќе остане!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Покетино се надева дека Кристиан Ериксен ќе остане во тимот и покрај фактот што за него сериозен интерес покажува Реал Мадрид.

Договорот на Ериксен со Тотенхем истекува следното лето, но данскиот плејмејкер изјави дека нема намера да го продолжи и дека е спремен да ја промени средината ова лето.

„Се надевам Кристиан дека ќе остане. Тој е прекрасен играч, еден од најголемите таленти во светот. Пет години работиме заедно и знаеме кој што сака. Но, интересот за него е огромен. Се надевам дека ќе остане во Тотенхем, но не знам што ќе се случи до крајот на преодниот рок“, изјави Покетино.

Во последниве неколку недели се погласно се говори дека Тотенхем има интерес за Џовани Ло Селсо од Бетис и Дани Себаљос од Реал Мадрид, кои се сметаат како наследници на Ериксен.