Покетино паднал во депресија после финалето во ЛШ: Десет дена не излегував од дома!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Почетино, призна дека поразот од Ливерпул во финалето во Лигата на шампионите тешко влијаел на него и предизвикал депресија.

Покетино го постигна најголемиот успех во историјата на Тотенхем и се пласира во финалето од ЛШ, каде беше поразен од Ливерпул со 2:0.

„Да, тоа беше тешко за мене, имавме најубави три недели во подготовките за финалето и бевме бескрајно разочарани од начинот на кој изгубивме. Тоа беше многу лошо чувство, како чувството во 2002 кога, како аргентински репрезентативец, забележав нерешен резултат против Шведска и пораз од Англија за една недела од Светскиот куп. Тоа се најлошите моменти во мојата кариера“, изјави Покетино.

По финалето со Ливерпул, тренерот на „петлите“ се качил на воз од Мадрид до Барселона и не излегувал 10 дена од неговиот дом.

„Не сакав да излезам. Беше тешко, бидејќи бевме толку блиску до славата. Мислам дека бевме подобри од Ливерпул. Мали детали ја направија разликата. Шампионите брзо се опоравуваат, можеби 10-15 дена, како што беше во мојот случај, Најлошо е на одмор, затоа што секој ден мислиш на истото, но кога ќе продолжите со тренинзи, лошите спомени остануваат во минатото. Огнот внатре во тебе повторно се појавува“, додаде Почетино.