Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Тотенхем синоќа го доживеа највисокиот пораз во својата историја, па тренерот Покетино беше видно разочаран после мечот со Баерн Минхен (2:7).
После натпреварот Покетино упати апел до фудбалерите да останат сплотени.
„Сега треба да се држиме заедно. Се разбира, сите сме многу разочарани. Треба да се смириме. Не можете да влезете во соблекувалната после вакви натпревари и да започнете да викате едни на други под притисок на емоции. Се најдовме во многу тешка психолошка состојба. Но, треба да продолжиме понатаму и да не се фокусираме на резултатот“, изјави Покетино.
„Само првите 30 минути ги игравме добро. Вршевме пресинг, подававме се трудевме. Потоа се отиде во неповрат. Противникот беше хируршки прецизен. Кога го постигнавме голот од пенал за 2:4 можевме да дадеме и трет. Но тоа не се случи. Во финишот примивме три гола и изгубивме убедливо. Во фудбалот се случуваат вакви работи. Не знам што друго да кажам, ова е лудо“, додаде Покетино.
По две кола во Б-групата од Лигата на шампионите, води Баерн Минхен со шест бода, Црвена ѕвезда има три, Олимпијакос и Тотенхем по едем бод.