Покажа како би изгледала ако ги слуша советите од интернет троловите – резултатот е чудовишен


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Инстаграм моделот Чеси Кинг одлучи да им одржи лекција по морал и етика на интернет троловите, а за да го постигне тоа малку се самоуредуваше во алатка за менување на изгледот на видеоснимка. Резултатот, благо речено, беше стравичен.

Нејзиниот Инстаграм профил инаку е алатка преку која таа промовира позитивно размислување за сопственото тело, а ја следат над 330.000 луѓе. Чеси на своите онлајн пријатели им дели совети и мотивација како да се прифатат самите себе и својот изглед и да ги занемарат грдите коментари.

За да покаже колку е залудно да им се обрнува внимание на таквите безобразни тролови, таа сними видео во кое своето тело го прикажа „уредено“ врз основа на нивните коментари и „совети“.

„Кога би го менувале своето тело според желбата на секој трол и би ги слушале и практикувале грдите коментари, би изгледале како чудовишта. Без оглед на тоа дали имате 23 пријатели или 3 милиони пријатели, не треба да бидете изложени на злоупотреба на социјалните мрежи“, напиша таа во својата објава.