Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
И покрај тропските жештини во Лос Анџелес, латино и поп дивата Џенифер Лопез во никој случај не го прескокнува вежбањето во теретана.
48-годишната пејачка распали со нова фотка на која покажува дека и понатаму поседува беспрекорни мускули и „челично“ тело.
„Влегов, иако надвор е пекол жешко“, напиша во описот Џеј Ло.
Неколку дена претходно таа на плажа уживаше со партнерот Алекс Родригез, а ноќта пред тоа како дете со прскалки го прослави Денот на независноста.
Уште не се знае дали парот е официјално венчан, но извесно време Лопез не го вади прстенот од левата рака. Заедно се веќе една година.