Покачениот минималец од 12.000 и надоместокот за стечајците ќе се исплаќаат после изборите


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Државната комисија за спречување на корупцијата им укажа на Владата и на државните органи да почнат со исплата на минималната плата од 12 илјади денари и за надоместокот за стечајци по завршувањето на локалните избори. Антикорупционерите сметаат дека тие исплати би биле вонредни и спротивни на Законот за спречување на корупција и на изборниот законик.

Од ДКСК се повикуваат на Законот за спречување на корупција и на Изборниот законик, според кои од денот на донесувањето на Одлуката за распишување на избори до завршувањето на изборите не може да се врши никаква вонредна исплата на плати, пензии, социјална помош или други исплати од буџетски средства или средства од јавните фондови, ниту да се отуѓува државен капитал ниту да се потпишуваат колективни договори и

Од антикорупциската комисија сметаат дека непочитувањето на наведените одредби од Законот за спречување на корупција и Изборниот законик повлекува со себе повикување одговорност на одговорните и раководните лица на органите на државната управа, фондовите, агенциите, дирекциите, јавните претпријатија, јавните установи, независните регулаторни тела основани од државата, трговските друштва основани од државата и други институции основани од државата, другите државни органи и други правни лица што располагаат со државен капитал.

„Државната комисија за спречување на корупцијата им укажува на Владата и на државните органи да пристапат кон примена на Законот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата и Законот за материјално обезбедување на невработени лица поради приватизација на претпријатија со доминантна сопственост на државата по завршување на изборниот процес“, пишува во образложението на антикорупционерите.

За потсетување, пензионерите од претходната влада добија линеарно покачување по 670 денари, токму пред парламентарните избори во декември 2016.