Поинтензивна ТВ настава заради опфаќање на сите предмети од основното образование


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Од денес емитувањето на едукативната програма „ТВ Училница“ на МРТВ продолжува со зголемен интензитет.

Министерството за образование и наука заедно со Бирото за развој на образованието, УНИЦЕФ, продукција „ОХО“ и Македонската радио-телевизија ќе обезбеди повеќе часови за повеќе генерации ученици.

Предавањата на наставниците, односно часовите ќе траат по 15 минути, велат од МОН, со цел да биде опфатена наставната материја по сите предмети од прво до деветто одделение. Продолжува и емитувањето содржини за децата на претшколска возраст. „ТВ Училницата“ на македонски јазик може да се следи на МТВ1 од 9:15 до 12:10 часот, а на албански јазик на МТВ2 од 12:30 до 14:30 часот.

Од МОН апелираат учениците да не ја пропуштаат наставата преку „ТВ Училница“, нагласувајќи дека едукацијата не смее да запре зашто знаењето е најмоќната алатка за личен успех.

Исто така, од денеска и сите факултети треба да организираат онлајн-настава за студентите поради условите што ги наметнува ризикот од ширење на коронавирусот.